Металург од денеска е на подготовки во Пореч

08.03.2017 21:40
06032017111027_web_met-nex-banskoliev__15_

Од денеска, па се до 18 март, Металург е на подготовки во Пореч (Хрватска). Нашите ракометари се сместени во хотелот Валамар Диамант, кој располага и со спортска сала каде и ќе се изведат подготовките за продолжетокот на сезоната.

По завршувањето на натпреварите во СЕХА-лигата, со Металург ќе одработиме десетдневни кондициско-техничко-тактички подготовки, кои ќе послужат како еден вид освежување и рестартирање на тимот за тоа што нѐ очекува во продолжението од домашното првенство и Купот на Македонија. Ќе работиме во сите сегменти на играта, но најмногу на техничко-тактички уигрувања за што подобро да ја усовршиме играта седум на шест“, вели Червар, додавајќи дека во рамките на подготовките, Металург ќе одигра и неколку контролни натпревари со екипите од регионот, како што се Пореч, Умаг, Копер.

Прочитано 1 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 4 =