Металург од утре е на турнеја во Франција

16.01.2019 12:16
GIL_5579_resize_resize

По десетдневните тренинзи во Автокоманда, Металург од утре подготовките за претстојната полусезона ќе ги продолжи во Франција, каде не очекува учество на турнирот во Гренобл, а потоа и неколку пријателски средби со реномирани екипи од Франција.

Во Гренобл, Металург ќе настапи на престижниот турнир “Мастер Гренобл“, заедно со домаќинот, со шпанската Бидасоа Ирун, моментално второпласирана во Асобал-лигата, како и со францускиот Истра. Турнирот ќе се одигра на 19 и 20 јануари. Првиот ден ќе се одиграат двете полуфинални средби, а следниот ден натпреварот за третото место и финалето.

По овој турнир, во периодот од 22 до 24 јануари, Металург ќе одигра три пријателски средби на кои ќе ги измери силите со француските екипи Екс Прованс, Ним и Ст. Рафаел.

Првиот официјален натпревар на Металург во 2019 година е закажан на 2 февруари, со почеток во 18 часот, кога во рамките на 14. коло на СЕХА-лигата во Скопје ќе ја дочекаме екипата на ППД Загреб.

Прочитано 325 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 5