Металург оди во двенеделен карантин

22.10.2020 20:58
DAR_6605_resize

За жал, поради нов случај на коронавирус, целиот тим на Металург, заедно со комплетниот стручен тим, ќе оди во двенеделна изолација.

Утрово еден наш ракометар покажа симптоми на вирусот и тој веднаш беше испратен на испитување. Резултатот од тестот е позитивен, што го стави целиот Металург во карантин, бидејќи ракометарот беше во контакт со целата екипа за време на гостувањето во Тулуз. Резултатите пристигнаа околу 19 часот и го затекнаа Металург на пат за Богданци, каде вечерва требаше да се одигра натпреварот со екипата на Младост, во рамките на Суперлигата. Овој натпревар нема да се одигра и Металург е на пат за Скопје.

Поради втор позитивен случај со симптоми дијагностициран денес, а за кого резултатите од тестот пристигнаа во 19 часот, ја одложивме средбата со Младост од Богданци. Целиот тим на Металург, вклучително и стручниот штаб, ќе оди во изолација од 14 дена, поради незаштитен контакт со позитивниот случај. Секако ќе бараме одложување и на натпреварот со Висла во Лигата на Европа“, изјави претседателката на Металург, Зорица Блажевска.

Прочитано 656 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + = 11