МЕТАЛУРГ ОДЛИЧЕН ВО СИТЕ СТАТИСТИЧКИ КАТЕГОРИИ ВО ЛШ

22.10.2012 01:56
ljambe magareto.

По четири одигрни кола Металург е на врвот во речиси сите статистички категории.

Нашиот клуб, заедно со Барселона, Киелце и Веспрем, е дел од големата четворка која ги има освоено сите осум бода. Заедно со Киелце го делиме првото место во групата Ц.

Одбраната на Металург е втора по квалитет меѓу екипите во Лигата на шампионите. Примивме само 95 гола (со просек од 23,75 по натпревар), а подобра од нас е само Барселона која има примено 91 гол. Да потсетиме, минатата сезона ја имавме најдобрата одбрана во групната фаза на Лигата на шампионите.

Во однос на гол-разликата Металург е на четвртото место. Имаме +26 гола, а подобри од нас се Киелце (35), Кил (34) и Барселона (33).

По бројот на постигнати голови сме на деветтото место, со 121 гол (со просек од 30,25 по натпревар). Пред нас се: Кил (140), Фленсбург (139), Киелце (132), Савехоф (129), Веспрем (127), Чеховски Медведи (126), Барселона (124) и Монпелје (122).

Наумче Мојсовски е на делба на 11-13 место на листата на најдобрите стрелци во лигата, со 24 постигнати гола. Ренато Вугринец, со 22 гола, го дели 19-20 место. Меѓу првите 50 стрелци на лигата е и Дејан Манасков, кој постигна 19 гола.

Фото:

Прочитано 871 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − = 7