Топ Вести

МЕТАЛУРГ ОДРЖА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА, ПО ПОВОД СРЕДБАТА СО ЗАГРЕБ ВО СЕХА-ЛИГАТА

23.02.2015 14:11
DAR_48825_resize

za tekst

Металург одржа прес-конференција по повод средбата од 15. коло на СЕХА-лигата против екипата на ППД Загреб, која ќе се одигра утре во СЦ Борис Трајковски, со почеток во 18 часот.

Лино Червар: “Во вторник повторно ќе се сретнеме со екипата на Загреб, за која сите знаеме дека е една од првите три во СЕХА-лигата и која го обезбеди учеството во завршниот турнир на ова натпреварување. Ние овој натпревар ќе го искористиме како уште една шанса за нашите млади ракометари да стекнат дополнително искуство, да видат каде згрешија на првата средба и да се обидат тоа да го поправат. Повторно ги повикувам нашите навивачи да дојдат и на таа средба и да го поддржат нашиот млад тим. Загреб повторно е фаворит, а ние повторно ќе се обидеме што подобро да им се спротивставиме“.

Филип Талески: “На вакви натпревари се стекнува искуство, на вакви тешки натпревари се станува добар играч. Ние и на оваа средба ќе се бориме и ќе го дадеме својот мксимум. Ја очекувам и поддршката на нашата публика, која сега најмногу ни е потребна“.

Левче Китевски: “За крај би кажал дека ни преостануваат уште пет натпревари од СЕХА-лигата. Од самиот старт на сезоната наша цел беше во ова натпреварување да настапуваат млади ракометари , за да стекнат искуство и да добијат квалитет повеќе. Се случи што се случи, а ние сега ќе се бориме за освојување на шестото место, кое води во завршниот турнир, ако лигата опстои на решението да се организира завршен турнир со шест екипи. Сакаме да учествуваме на тој турнир затоа што тоа ќе биде добро за оваа млада екипа, за стекнување на искуство на такви натпревари, а што ќе им биде од полза и следната година“.

Фото: Дарко Андоновски, “Н.Македонија“.

Прочитано 1.252 пати

(2) Коментари

  1. ТРЕБА ДА ГИ ПОДРЖИМЕ МЛАДИВЕ ДОБРИ СЕ ОДЛИЧНИ СЕ
    ОД НАПРЕВАР ВО НАТРЕВАР СЕ СЕ ПОДОБРИ И КЕ БИДАТ ПОДОБРИ УШТЕ ПОВЕКЕ
    ТИЕ СЕ НАШАТА ИДНИНА И ВО МЕТАЛУРГ И ЗА РЕПРЕНЗАТАЦИЈА
    НА 1 И 2 ГОДИНИ КЕ БИДАТ УШТЕ ПОДОБРИ А ЗА 6 ДО 7 ГОДИНИ КЕ БИДАТ ПОДОБРИ И ОД НАШАВА НАЈДОБРА ГЕНЕРАЦИЈА И ЈАС ВИ ГАРАНТИРАМ ДАКА КЕ ГО ГЛАДАМЕ МЕТАЛУРГ ВО ФАНАЛ 4
    САМО МНОГУ РАБОТА И ДА ОСТАНАТ СИТЕ МЛАДИ ДА БИДАТ ЗАЕДНО ДА БИДАТ ОДЛИЧНО УИГРАНИ ДА СЕ ВРЗАТ СО ДОБРИ ДОГОВОРИ АКО МОЖЕШЕ ДА СЕ ДАВА ПО 10 000 ЕВРА ОД ИГРАЧ МЕСЕЧНО ТРАБА БАРЕМ ДА СЕ ДАВА ПО 2000 ДО 3000 ЕВРА НА МЛАДИВЕ
    ЈАС ЛИЧНО СУМ ЛУТ НА УПРАВАТА ШТО ДО СЕГА НЕ ГИ ПУШТАШЕ ДА ИГРААТ ОВИЕ МЛАДИ
    ДА СЕ КРШАТ И ДА ИГРААТ ТРЕБАШЕ ДА ИМААТ ПОВЕКЕ МИНУТАЖА ЗА МЛАДИВЕ
    И ГО ПОДРЖУВАМ ПРОЕКТОР МАТАЛУРГ НА ПОДМАЛАДУВАЊЕ
    НЕ МОЖЕ ДА СЕ ФИНАСИРА НОНСТОП ВО ЖВУЧНИ ИМИЊА А МЛАДИВЕ НА КЛУПА
    И ДА ПОВТОРАМ ЗАГРЕБ ИСТО ТАКА ИМАШЕ ФИНАНСИСКА КРИЗА НО И ИМАШЕ И ДОБРА МЛАДА ШКОЛА И ГО ПРЕБРОДИЈА ТОА БЕЗБОЛНО
    ТРЕБА ДА ИМ СЕ ДАДЕ ШАНСА НА МЛАДИВЕ ЈА ЗАСЛУЖИЈА

  2. bravo dejan potpolna podrska za tvoeto mislene. navistinaovie momci se noviot nadez na nasiot rakomet ako?ako METALURG prodolzi da raboti so ovi nasi nadezi kako trebaa ne da sedat na klupa kako so bese denes so odlicniot OLESKI i najbrzoto desno krilo KOSTESKI ovie dvajcata treba da ja prestavuvaat nasata reprezentacija na krilnite pozicii zaedno so iskusnite GEORGIESKI i MANASKOV i pocituvan LINO nemoj da gi zapostavuvas nasite krila SO GOLEM POZDRAV DO METALURG SAMO NAPRED.

Напишете коментар


− 7 = 2