Топ Вести

Металург организираше новогодишен хепенинг за децата од своите скопски ракометни школи

29.12.2018 17:24
DSC_6009_resize_resize

Академија Металург денеска организираше новогодишен хепенинг за децата од своите ракометни школи од Скопје.

На неколку стотини млади ракометарчиња со пригодни говори им се обратија претседателката на Металург Зорица Блажевска, директорот на Нова Македонија Ратко Лазаревски и директорот на Академија Металург Тони Ристески, кои на децата им посакаа среќни празници и многу спортски успеси во следната, 2019-та, година.

Сите присутни добија новогодишни пакетчиња, а за доброто расположение се погрижи и жонглерот Дарко Ѓурчиновски.

На крајот, сите заедно се собраа за заедничката слика.

Фото:

Прочитано 251 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + = 7