Металург оствари комотна предност пред реваншот во Винковци

29.08.2020 22:19
metalurg8_resize

По подолго време, Металург во Автокоманда одигра меѓународен официјален натпревар, овој пат во рамките на Лига Европа.

Во меч од првото квалификациско коло, нашиот тим убедливо го совлада хрватскиот претставник Спачва, со резултат 35:28 (17:12). Ваквата комотна предност го навестува нашиот пласман во второто коло, иако пред нас е реванш средбата во Винковци.

Металург во текот на целата средба имаше целосна контрола врз играта и врз резултатот и, освен на самиот почеток, имаше постојана предност во овој интересен натпревар. Отпорот на Спачва беше скршен во втората половина на првото полувреме, кога Металург поведе со 5 голови разлика, кои останаа до самиот крај на ова полувреме.

Иако на почетокот на вториот дел имавме дури двајца ракометари помалку, успеавме да постигнеме два гола и разликата ја зголемивме на седум гола. Во 50. минута имавме максимални девет голови предност, но на крајот славевме со резултат 35:28. Одлична партија на младите Додиќ и Серафимов, но и на Хорват, Поповиќ и Тарабокија. Во целина Металург покажа дека е сепак поквалитетен тим од својот денешен противник.

Реванш средбата ќе се одигра на 5 септември во Винковци.

.

Металург – Спачва  35:28 (17:12)

Металург: Дупјачанец (6 одбрани + седмерец), Ѓорѓески (1 одбрана + седмерец), Кондев, Канкараш 3, Поповиќ 5, Шилегов 3, Хорват 6, Мариќ, Серафимов 5, Лазаревски 3, Младеновиќ, Тарабокија 5, Рниќ 1, Додиќ 4, Потиќ и Маркоски.    Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 12 минути.

Спачва: Јуриќ 1, Марош, Вашаревиќ 3, Над 1, Чичак 5, Бунтиќ 6, Вигњевац 5, Блашковиќ, Пашагиќ 1, Михаљевиќ 1, Боланца 1, Д.Радовиќ, Божиќ 2, М.Радовиќ 1, Ромиќ и Недиќ 1.    Седмерци: 4/6.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Ердоан и Арсим Витаку од Косово.

Делегат: Ацо Николовски од Македонија.

Прочитано 645 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − 2 =