МЕТАЛУРГ – ПАРТИЗАН КИЧЕВО 32:14

01.12.2011 23:53
DSC02981_resize_resize

На 18 септември 1977 година, во рамките на 1 Македонска лига,  Металург извојува блескава победа над, тогаш силниот, Партизан од Кичево. Полетарците на Металург, ја декласираа искусната екипа од Кичево со 32:14 (16:7). Металург, ја искористи својата младост и брзина, па со едноставни акции ја наполни мрежата на противникот. Особено ефикасни беа Митевски (денес Петрушевски) и Ниневски со по 8 гола, Василевски со 5, и Проданов и Чокрев со по 3 гола.

Металург настапи со следниот состав: Томовски, Василевски 5, Б.Јосифовски, Канзуров, С.Јосифовски 2, Пејковски 2, Проданов 3, Ниневски 8, Хаџиевски, Чокрев 3, Митевски 8, Пандов.

Еве ги и ракометарите на Партизан: Љаковски, Сиљановски 1, Еремоски 2, Божиноски 6, Дичоски 3, Јосифовски 2, Стојковски, Трајчевски, Стефановски, Ристевски, Димитровски.

Натпреварот го следеа 100 гледачи, а се играше на старото игралиште на Металург, под отворено небо. Натпреварот го судеа кумановските судии, Антевски и Крстевски.

Фото:

Прочитано 179 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 9 = 0