Топ Вести

МЕТАЛУРГ ПОБЕДНИК НА ГРУПАТА 4 ОД КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

18.04.2015 18:56
MJI_3872_resize

za tekst

Металург е победник на групата 4 во Купот на Македонија и учесник во фајналфорот на ова натпреварување.

Во финалето Металург го совлада Радовиш, со резултат 31:23 (15:11).

Металург релативно лесно и рутинирано се справи со цврстиот Радовиш. Гостите поведоа со 1:0, и тоа беше се. Металург возврати со серија од 3:0, за водство од 3:1. Во текот на првото полувреме константната предност на Металург изнесуваше 4 до 6 гола, а овој период од играта заврши со резултат 15:11.

Во вториот дел Металург продолжи со своите напади, а разликата се искачи на 6 до 8 гола. Најголема предност имавме во 58 минута, +9, 31:22.

Металург – Радовиш  31:23 (15:11)

Металург: Ефендиќ, Митревски, Голубовиќ 4, Ојлески 3, Бој.Маџовски 2, Костески, Манасков 1, Бувиниќ, Кукоски, Нелоски 5, Крстевски, Талески 3, Војводиќ 3, Пешевски 1, Џукиќ 7 и Вргоч 2.     Седмерци: 2/2.     Исклучувања: 0.

Радовиш: Паунов, Марков 1, Перов 3, Илиев 13, Долдуров 1, Мијалов, Ѓорѓиев, Фенов, Ангелов, Спасов, Коцев и Блажески 5.     Седмерци: 2/2.     Исклучувања: 2 мин.

Судии: Куртовиќ Цано и Георгиев Митко од Скопје.

Делегат: Начевски Марјан од Скопје.

 

Прочитано 1.556 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 3 = 4