Металург победник на меѓународниот турнир „Илинден 2018“

23.12.2018 23:26
пионери 2018

Кадетската екипа на Металург од генерацијата 2002/03 го освои меѓународниот турнир кој изминатите три дена се играше во салата „Гоце Делчев“ во населбата Илинден. Во конкуренција на 13 екипи, кадетите на Металург покажаа супериорна и доминантна игра во сите седум одиграни натпревари и заслужено го подигнаа победничкит пехар. Пред налетот на Металург во групната фаза паднаа тетовската екипа Балтепе (24-16), босанскиот тим на Бијелиња (23-17), Карпош – Куманово (15-11), Илинден (22-07) а со екипата на Аеродром одиграа нерешено (12-12). Во полуфиналето ја елиминираа скопската екипа Шампион (23-22) а во финалето славеа убедлива победа над екипата на Алушевски со 23-16. Голманот на Металург Давид Ацевски беше избран за најдобар голман на турнирот.

пионери 2018

Прочитано 724 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 5 = 13