- Фотогалерија од средбата Металург – ПрилепОбјавено пред 7 months
- Металург убедлив против екипата на ПрилепОбјавено пред 7 months
- Металург го утврди датумот, терминот и местото на одигрување на средбата со Спачва во СкопјеОбјавено пред 7 months
- Фото: Металург го одржа својот вечерен тренинг на игралиштето кај “Женска“ плажаОбјавено пред 7 months
- Металург пристигна во Струга, сите тестови на нашите ракометари се негативниОбјавено пред 7 months
Металург поразен на пријателскиот натпревар против Вардар

По скоро еден месец пауза, Металург одигра ракометен натпревар. Одигравме пријателска средба со градскиот ривал Вардар, во арената “Јане Сандански“.
Средбата беше од затворен тип и не се водеше записник. Резултатот беше во втор план, а намерата на двајцата тренери беше да ги испробат свои замислени тактички варијанти во рамките на подготовките за продолжението на сезоната. Средбата му припадна на тимот на Вардар, кој славеше со резултат 34:26 (14:12). Вардар водеше во текот на целата средба, но со 2 до 3 гола. Високата предност македонскиот шампион ја обезбеди во последните десетина минути.
В понеделник Металург ќе замине во Пеќ, каде ќе одигра двомеч со екипата на Беса. Серијата на пријателски натпревари ќе заврши на 29 јануари кога во Автокоманда ќе гостува екипата на Тиквеш.
Металург првата официјална средба ќе ја има на 6 февруари, кога ќе и гостуваме на екипата на Чеховски Медведи во рамките на Лига Европа. Во ова натпреварување во текот на февруари вкупно ќе одиграме 6 средби, половина од нив на гостински терен.