МЕТАЛУРГ ПОРАЗЕН ВО БАЊА ЛУКА

06.03.2015 23:26
2182_1425675562_resize

za tekst

Металург со пораз ја заврши тешката турнеја во која за седум дена одигра три средби во три различни земји. Вечерва убедливо загубивме од екипата на Борац, со резултат 27:21 (14:9).

И на оваа средба нашиот најголем проблем беше очигледната неповрзаност во нашата игра, што се должи на голем број нови ракометари, кои се уште не се вклопени во системот на својот нов колектив. Тоа се виде како во фазата на нападот, каде не се изведе ниту една однапред извежбана акција ниту се прикажа течност при движењето на топката, но и во делот на одбраната, која секогаш ја преферира Лино Червар, а која денеска едноставно не функционираше. Тоа што радува е очигледниот капацитет на младата екипа на Металург, која, засилена со Талески и Нелоски, има доволно време за уигрување пред почетокот на македонскиот плеј-оф.

Борац сосема заслужено ги запиша новите три бода на своето конто, особено што водеше во текот на целата средба, на моменти и со осум гола разлика.

Нашиот противник релативно брзо обезбеди пристојна предност, па веќе во 10. минута водеше со 5:2. До крајот на првото полувреме разликата порасна и до + 5, 14:9.

Второто полувреме почна добро за нашата екипа и во 39. минута стигнавме до негатива од само три гола, 13:16. Но, неколку почетнички грешки резултираа со противничка серија од 4:о, после која веќе не добивме можност за враќање во игра. Средбата ја загубивме со резултат 27:21.

Поразот сигурно ќе разочара голем број наши навивачи, но Лино Червар неколку пати напомена дека порази ќе има, дека таков е трновитиот пат што мора да го изоде екипата пред да го оформи својот вистински карактер.

Металург вечерва тргнува кон Скопје.

Борац Б.Л. – Металург 27:21 (14:9)

Борац Б.Л.: Јокановиќ (10 одбрани), Абаџиќ (5 одбрани), Хусиќ, Јанковиќ 3, Херцеговац, Вујовиќ 4, Тесиќ, Џуриќ, Микиќ 3, Њезиќ, Обрадовиќ 1, Тривунџа 2, Челиќ, Чераниќ 1, Џукиќ 5 и Николиќ 8.    Седмерци: 2/4.     Исклучувања: 4 минути.

Металург: Ефендиќ (7 одбрани +2 седмерци), Мисовски (5 одбрани), Голубовиќ 3, Ојлески 1, Бој.Маџовски, Костески 2, Манасков 2, Бувиниќ, Крстевски 1, Борј.Маџовски, Војводиќ 5, Пешевски 2, Џукиќ, Вргоч 2 и Стојановиќ 3.      Седмерци: 1/1.     Исклучувања: 2 минути.

 

 

Прочитано 1.522 пати

(1) Коментар

  1. Зошто Митревски не беше во составот?

Напишете коментар


7 + 9 =