Металург порaзен во Загреб

02.10.2018 23:29
ppd-met_-_11_original_resize

Металург ја загуби средбата од петтото коло на СЕХА-лигата против екипата на ППД Загреб, со резултат 26:22 (11:10).

Ова беше уште еден во низата на натпревари во кои Металург беше одличен и сконцентриран во првото полувреме и лош и максимално деконцентриран во второто.

Средбата почна со неколку неуспешни напади на двата тима, а на првиот гол чекавме дури четири минути, кога Серафимов го отвори резултатот со гол од пенал. За жал, ова беше и единствено водство на нашиот тим на оваа средба. Се до крајот на првото полувреме Загреб одржуваше мала предност од еден до два гола, кои Металург постојано успеваше да ги достигне. Металург играше солидно во одбраната, со која диригираше денеска одличниот Томовски, додека во нападот нашата реализација можеше да биде и далеку подобра. Првиот дел заврши со резултат 11:10 за нашиот противник, па остануваше надежта дека конечно ќе видиме и едно наше поквалитетно второ полувреме, кога обично ги губиме сите натпревари во новата сезона.

Вториот дел почна со израмнувачкиот гол на Димитриоски, а веднаш потоа имавме и напад за ново водство. Нападот не го искористивме и тоа стана вовед во нов драматичен пад во нашата игра. Цели 11 минути Металург не можеше да постигне гол. Направивме еден куп технички грешки, промашивме во цела серија на напади, примивме и два гоа во ситуација кога имавме дури двајца ракометари повеќе…едноставно не личевме на себе. Загреб ја искористи кризата кај Металург и реализираше неверојатна серија од 8:0, со која уште во 43. минута си ја визираше победата. Својот втор гол Металург го постигна во таа 43. минута и то повторно од пенал, кој го реализираше Серафимов. Високата предност го олади жарот на ракометарите на Загреб, па во преостанатите минути Металург доби можност да ја намали предноста на противникот и да го ублажи поразот.

 

ППД Загреб – Металург  26:22 (11:10)

ППД Загреб: Кастелиќ (9 одбрани) 1, И.Векиќ (2 одбрани), Ереш 2, Вистороп 2, Павлетиќ 4, Кантрец 2, Сршен 3, Шушња 1, Поточник 1, Јотиќ 1, Равниќ, Ќерими 1, Мандиќ 6, Хрстиќ, Бичаниќ 1 и Ј.Векиќ 1.    Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 14 минути.

Металург: Томовски (11 одбрани) 1, Василевски, Јагањац 3, Лазаревски, Димитриоски 1, Токиќ 2, Шилегов, Танкоски, Серафимов 4, Велковски 2, Миличевиќ 4, Маџовски 3, Стојановиќ 2, Матијашиќ и Арсеновски.    Седмерци: 4/5.    Исклучувања: 8 минути.

Прочитано 207 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + 2 =