Металург повторно е вицешампион на Македонија

23.05.2018 22:23
_DSC0188_resize

Металург и Еурофарм Работник одиграа драматичен натпревар кој го реши вицешампионот на Македонија. Видовме навистина цврст, машки ракомет во кој Металург водеше во текот на сите 60 минути, но и гостинскиот тим вложи многу напор и постојано го следеше нашиот резултат.

Металург подобро ја започна средбата, па многу брзо стекна предност, најпрво со два, потоа со три, и на крај со четири голови предност, 7:3, 8:4 и 10:6. Иако во тој момент се чинеше дека нашиот тим е на добар пат средбата да ја реши уште во првото полувреме, се случи криза која резултираше со серија на нашиот противник, кој набрзо успеа да го израмни резултатот, 10:10. Се до крај на првото полувреме се играше гол за гол, но првите 30 минути сепак ги добивме со минимални 13:12.

Вистинска спортска војна се водеше во вториот дел. Металург постојано се обидуваше да ја зголеми својата предност, но и Еурофарм Работник не попушташе во своите обиди да дојде до резултатски пресврт. Во еден момент повторно се вративме на безбедните +4, 22:18, но и тоа не беше доволно да се скрши отпорот на жилавите битолчани. Во последните 40 секунди влеговме со предност од 2 гола, но Еурофарм Работник успеа да постигне гол и останаа само 11 секунди за нашиот последен напад. За среќа, одлично се снајде Токиќ, кој успеа да се пробие низ пресингот на противникот и постигна златен гол, со кој ја обезбедивме победата.

.

РК Металург – РК Еурофарм Работник  29:27 (13:12)

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Гледачи: 400.

РК Металург: Томовски (13 одб.), Даниловски (2 сед.), Маџовски, Јагањац 7, Димитриоски 1, Токиќ 7, Шилегов, Танкоски 1, Серафимов, Кузмановски 5, Илиќ 2, Велковски 5, Пешевски 1, Гуглета, Лазаревски и Арсеновски.  Седмерци: 3/8. Исклучувања: 2 мин.

РК Еурофарм Работник: Умовист (6 одб., 1 сед.), Ивановски (1 сед.), Ојлески 2, Петровски, Пецаковски 4, Талевски, Чурлевски, Каковски, Мојсоски 2, Мемиќ, Кукоски, Крстевски, Дрогришки, Граџан 11, Кузманоски 4, Петровски 4.   Седмерци: 1/3.  Исклучувања: 6 мин.

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје.

Делегати: Камер Металари и Стојан Николов од Скопје.

Прочитано 459 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 7 = 9