Топ Вести

Металург повторно ќе аплицира за место во Лигата на шампионите

30.05.2018 11:49
DAR_0071_resize_resize

Македонскиот вицешампион Металург повторно ќе аплицира за дополнително место во ракометната Лига на шампионите за наредната сезона. Во текот на наредната недела, преку канцеларијата на РФМ, Металург ќе побара од Европската ракометна федерација на Македонија повторно да ѝ додели дополнително место во Лигата на шампионите за сезоната 2018/2019, каде Вардар, како првак, има директно место во групната фаза.

И следната сезона Металург има желба и амбиција да биде дел од најсилното европско клупско натрпеварување, Лигата на шампионите. Денеска ни завршуваат обврските во домашното првенство, а во текот на идната недела преку канцеларијата на РФМ ќе ја испратиме нашата апликација до ЕХФ. Се надеваме дека со нашата игра, нашиот квалитет и со создавачкиот концепт ќе ги задоволиме критериумите на ЕХФ и повторно ќе бидеме дел од ракометната елита“, вели Зоран Цветановски, претседателот на Металург.

Прочитано 283 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 7 = 13