Металург повторно подобар од Металург 2

10.11.2019 01:16
DAR_7426_resize

Во Автокоманда по вторпат во сезонава гледавме натпревар меѓу нашите две екипи – Металург и Металург 2. И овој пат победата им припадна на поискусните, па и поквалитетни, ракометари на Металург, кои своите помлади колеги по дрес ги совладаа со убедливи 39:27 (16:12).

Без разлика на убедливиот пораз на Металург 2, во добар дел од натпреварот гледавме израмнет и крајно борбен ракомет. Младите ракометари на Металург 2 во најголемиот дел од првото полувреме успеваа да држат резултатска рамнотежа и потклекнаа во самиот финиш, кога од 10:10 пропуштија серија од 6:2, за 16:12.

Сепак, во второто полувреме дојдоа до израз квалитетот и искуството на ракометарите на Металург, кои стигнаа до убедливи 25:15. Во последната четвртина од натпреварот, откако победникот стана познат, двете екипи помалку внимаваа на своите одбрани, а повеќе на нападот, па средбата заврши со вкупно постигнати 66 гола, 39:27. Во ова второ полувреме, кај Металург 2 се истакнаа голманот Василевски, кој само во овој дел имаше 8 одбрани, и пикерот Лазар Додиќ, кој постигна 6 гола.

Во следното коло двете наши екипи ќе гостуваат, Металург кај екипата на Вардар Јуниор, а Металург 2 кај екипата на Тинекс Пролет.

.

РК Металург – РК Металург 2  39:27 (16:12)

РК Металург: Ѓорѓески, Мијатовиќ, Кондев 6, Јагуриновски 2, Поповиќ 4, Пецаковски, Шилегов 7, Мариќ 4, Серафимов 3, Лазаревски 6, Младеновиќ 1, Вујовиќ, Чантурија 1, Кбилашвили 1, С.Додиќ 4 и Арсеновски.     Седмерци: 1/2.    Исклучувања: 10 минути.

РК Металург 2: Василевски, Божиновски, Михајлов 2, Фидановски, Кофиловски 1, Савковиќ 3, Митиќ 2, Мирчевски 1, Попов 1, Ристовски 3, Георгиевски, Љубевски 1, Стојановиќ 5, Стоилевски 1, Л.Додиќ 5 и Ефтимов 2.    Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 2 минути.

Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје.

Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

Прочитано 281 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 2