- Фотогалерија од средбата Металург – ПрилепОбјавено пред 7 months
- Металург убедлив против екипата на ПрилепОбјавено пред 7 months
- Металург го утврди датумот, терминот и местото на одигрување на средбата со Спачва во СкопјеОбјавено пред 7 months
- Фото: Металург го одржа својот вечерен тренинг на игралиштето кај “Женска“ плажаОбјавено пред 7 months
- Металург пристигна во Струга, сите тестови на нашите ракометари се негативниОбјавено пред 7 months
Металург преку четири пријателски средби ќе ја бруси формата за продолжението на сезоната

Металург продолжува со подготовките за вториот дел од сезоната. На екипата и се приклучи и нашиот пикер Милан Лазаревски, додека Канкараш, Тарабокија и Додиќ ќе ни се приклучат на 20 јануари. Надвор од подготовките ќе останат Златко Хорват и Мартин Серафимов, кои со Хрватска и со Македонија се дел од СП во Египет.
Во склопот на подготовките Металург закажа и четири пријателски средби, преку кои ќе се бруси формата потребна за продолжетокот на сезоната и предизвиците што не очекуваат на трите фронта: првенството и Купот на Македонија и Лигата на Европа.
23 јануари: Металург – Вардар
25 јануари: Металург – Беса
26 јануари: Металург – Беса
29 јануари: Металург – Тиквеш
Првата официјална обврска на Металург за втората полусезона е на 9 февруари, кога дома ќе ја пречекаме екипата на Феникс Тулуз. Покрај оваа, во февруари не очекуваат уште две средби од групната фаза на Лига Европа, со екипите на Висла Плоцк и на Фиверс.