- Фотогалерија од средбата Металург – ПрилепОбјавено пред 7 months
- Металург убедлив против екипата на ПрилепОбјавено пред 7 months
- Металург го утврди датумот, терминот и местото на одигрување на средбата со Спачва во СкопјеОбјавено пред 7 months
- Фото: Металург го одржа својот вечерен тренинг на игралиштето кај “Женска“ плажаОбјавено пред 7 months
- Металург пристигна во Струга, сите тестови на нашите ракометари се негативниОбјавено пред 7 months
Металург пристигна во Струга, сите тестови на нашите ракометари се негативни

Металург вчера ги тестираше своите ракометари на коронавирус и сите тестови се негативни. Со тоа е исполнет и последниот услов за наш настап на 48. издание на турнирот во Струга, кој од утре па се до недела ќе се игра на теренот кај “Женската“ плажа.
Металург предмалку стигна во Струга и веќе се смести во прекрасниот хотел “Дрим“.
Металург на турнирот во Струга е сместен во групата “Б“ заедно со Еурофарм Пелистер, со Прилеп и со Струга, а првиот меч ќе го одигра против битолчани утре со почеток од 21.15 часот.
Еве го и променетиот распоред на натпреварите:
Сите натпревари на Металург ќе можат да се проследат на Спортскиот канал МТВ 3.
Од строгите мерки и протоколи за издвојување е забраната за користење на соблекувалните и дезинфицирање на теренот после секој натпревар. Олеснување за организаторите е играњето на отворено игралишите „Горан Попоски-Бабец“ и одлуката на дел од клубовите да патуваат во Струга за играње на мечеви, без спиење во сместувачките капацитети.