МЕТАЛУРГ ПРОДОЛЖУВА СПОРЕД ПРЕДВИДЕНИОТ ПЛАН

08.02.2012 11:31
291696_338566956219292_931333700_o

Ден по поразот против Нексе, Металург продолжува според предвидениот план. Поразите се дел од спортот а, за среќа, нашиот клуб ги доживува многу ретко. Атмосферата во тимот е добра и целокупното внимание е насочено кон натпреварот со Цимос Копер. Утрово, Металург замина за Пореч каде ќе остане до петок и ќе се подготвува за мечот кој е пресуден за крајниот изглед на нашата група во Л.Ш. Во 18.00 екипата ќе го има првиот тренинг.

Единствениот реален проблем е состојбата со коленото на Младен Ракчевиќ. Младен замина за Нови Сад каде магнетната резонанса ќе ја покаже тежината на повредата. Останува да се надеваме дека Ракчевиќ сепак ќе може да настапи и да му помогне на тимот. Во спротивно загубата ќе биде тешко надоместива.

Прочитано 725 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 3 =