- МЕТАЛУРГ УБЕДЛИВ ПРОТИВ ПАРТИЗАНОбјавено пред 3 months
- ИРАКЛИ КБИЛАШВИЛИ Е ИЗБРАН ЗА МВП НА ТУРНИРОТ ВО КАЊИЖАОбјавено пред 3 months
МЕТАЛУРГ ПРОКНИЖИ НОВИ БОДОВИ

Металург продолжи со настапите во домашниот плеј оф. Денес е извојувана победа над солидниот состав на Тинекс Пролет со резултат 20:12, полувреме 11:8.
Металург го одигра натпреварот со онолку сили колку што е потребно за победа. Иако во добар дел средбата изгледаше израмнета и рамноправна тоа сигурно не може да ги залажи добрите познавачи на ракометот.
Домашната екипа одлично го искористи својот потенцијал и се повеќе се етаблира како трета по квалитет екипа во Македонија.
РК Тинекс Пролет – РК Металург 12:20 (8:11)
РК Тинекс Пролет: Мисовски, Грчевски, Ѓоргиевски, Димовски, Илиевски 4, Апостоловски, Ролевски 1, Серафимовски, Петрушевски 2, Тотиќ, Цветковиќ, Беловски, Николиќ 1, Печенковски и Спасовски 4. Седмерци: 2/4. Исклучувања: 2 минути.
РК Металург: Станиќ, Ангелов, Левов, Маџовски, Наумовски, Георгиевски, Марковиќ 7, Козлина, Манасков 2, Миркуловски 3, Маркоски 2, З.Мојсоски 1, Н.Мојсовски 5, Стоилов, Стојчевски и Јоновски. Седмерци: 5/5 (Марковиќ). Исклучувања: 4 минути.
Судии: Карбеска Силвана и Марија Илиева од Скопје.
Делегат: Начевски Драган од Скопје.
Фотогалерија: