Металург РА дојде до првата победа во плејофот на Првата лига

14.03.2021 20:29
DAR_3354_resize

Ракометарите на Металург РА се вратија како победници од гостувањето кај екипата на Јехона, која ја совладаа со резултат 28:36 (10:12). Ова беше натпревар од третото коло на плејоф-фазата во Првата лига и е прва победа на нашиот помлад тим, после еден пораз и едно реми.

Во првото полувреме се водеше голема и израмнета борба. Почетокот му припадна на домаќинот, но средината и крајот на тимот од Автокоманда, кој по првите 30 минути создаде предност од два гола, 10:12.

Рамноправно се играше и во првите десетина минути од продолжението, се до резултат 15:15, а потоа Металург РА заигра многу поангажирано и тоа брзо даде резултат. Нашите ракометари веднаш направија разлика, која до крајот на средбата и не ја испуштија.

Нашиот Фидановски постигна 11 гола, но најдобар стрелец на средбата сепак беше ракометарот на Јехона Тасески, кој постигна два гола повеќе.

Во следното коло, кое ќе се одигра на 21 март, екипата на Металург РА во Автокоманда ќе го нагости тимот на Вардар Неготино.

.

РК Јехона – РК Металург РА  28:36 (10:12)

РК Јехона: Тахири, Стојаноски, Николоски 2, Бошковски 3, Андриески 2, Џафери, Ахмети, Дукоски 2, Илиоски 2, Живкоски, Столески, Василевски 2, Стојчевски 2, Лазарески, Тасески 13 и Димитриески.      Седмерци: 9/12.     Исклучувања: 6 минути.

РК Металург РА: Брестовац, Ацевски, Димевски, Фидановски 11, Тричковски, Христоски 7, Андревски 5, Ристовски 1, Георгиевски, Шкријељ, Прцуловски, Петровски 7, Таневски и Мандиќ 5.    Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески.

Делегат: Илија Цветковски.

Прочитано 241 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 9 = 14