Металург РА го доби дерби натпреварот со Драчево

27.03.2021 20:35
DAR_3614_resize

Во петтото коло од плејофот на Првата лига копјата ги вкрстија трето и четвртопласираните екипи на Драчево и на Металург РА. За нашиот тим ова беше едно од најтешките гостувања, кое момците на Миле Бочкаровски го добија минимално и по голема борба. Резултатот од средбата е 29:30 (16:17) и сега Металург РА, барем до утре, е на делба на првата позиција со екипата на Скопје.

Металург до победата дојде апсолутно заслужено, бидејќи имаше постојано водство и целосна контрола во текот на сите 60 минути.

Нашиот тим на самиот почеток поведе со 4:0, со што го трасираше патот до конечниот успех. Иако домашниот состав во неколку наврати дојде до израмнување на резултатот, тој немаше сили за целосен пресврт.

Најдобар во нашиот состав беше Фидановски, кој запиша нова десетка зад своето име, но одличен беше и Додиќ, со осум постигнати гола.

Ова е трета едноподруго победа на нашата млада екипа, втора под водство на амбициозниот помошник на Глигоров – Миле Бочкаровски.

Во следното коло не очекува големото дерби со водечкото Скопје, во Автокоманда.

.

Драчево – Металург РА  29:30 (16:17)

Драчево: Павловски, Ристовски, Димовски 5, Дабевски 10, Петровски, Јаховиќ 3, Станиќ, Андовски 6, Ангеловски, Соколовски 1, Матовски 3, Трајковски, Пајковски, Петковски 1 и Тевдовски.    Седмерци: 4/5.     Исклучувања: 12 минути.

Металург РА: Брестовац, Ацевски, Фидановски 10, Тричковски, Христоски 2, Трајкоски, Андревски 5, Ристовски 3, Георгиевски, Шкријељ, Прцуловски 2, Петровски, Додиќ 8 и Таневски.    Седмерци: 8/10.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Иво Георгиевски и Игор Наумовски.

Делегат: Стево Костенчев.

Прочитано 264 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 1