Металург РА со нов тренер ги почна подготовките за плејоф фазата

20.01.2021 22:53
DAR_1734_resize

Металург РА вечерва ги почна подготовките за плејоф фазата во Првата лига. Екипата од денес ја води тренерот Владимир Глигоров, кој досега беше задолжен за работа со нашите младинци. Тој дојде на местото на Игор Котески, кој, пак, ја прифати понудата да ја води екипата на Голден Арт КЛ7.

Металург РА подготовките ќе ги одработи во Скопје, а во план се и неколку пријателски средби. Нашата млада екипа ќе има сложена задача да избори пласман во македонската Суперлига, а на тој пат за конкуренти ќе ги има екипите на Шампион, Јехона, Драчево, Аеродром, Куманово, Вардар Неготино и Скопје 2020.

Фото:

Прочитано 776 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + = 4