Металург рутинирано го совлада Охрид

11.04.2018 20:46
_DSC0093_resize

Во рамките на второто плејоф коло, во Автокоманда гостуваше тимот на Охрид. Во допадлив натпревар Металург ја оправда улогата на фаворит и го совлада противникот, со резултат 27:24 (16:11).

Иако на моменти, особено на крајот на средбата, изгледаше дека натпреварот е израмнет и неизвесен, Металург всушност имаше целосна контрола врз играта и врз резултатот во текот на сите 60 минути. Од самиот почеток нашите ракометари тргнаа кон голот на противникот и веќе во 9. минута имаа предност од цели 6 гола, 7:1. Покрај нападот, одлично функционираше и нашата одбрана на чело со денес одличниот Томовски. Иако Охрид во понатамошниот тек успеа да ја намали нашата предност, во последната третина од првото полувреме влеговме со денеска максималните +7, 14:7. Првото полувреме заврши со резултат 16:11.

Неочекувано, во вториот дел спласна амбицијата на Металург за висока победа против охриѓаните. Во игра влегоа најмладите ракометари на нашиот тим, следеа и неколку брзоплети акции проследени со грешки и со слаба реализација во нападот, а сето тоа го искористи противникот и ја намали нашата предност на само два гола. Сепак, нашите ракометари не дозволија да се случи комплетен пресврт и рутинирано ја приведоа средбата до крајот.

Веќе во следното коло, на 14 април, Металург го очекува тешко гостување во Битола, каде тимот на Еурофарм Работник ќе биде нашиот прв посериозен предизвик во тековното првенство.

.

Металург – Охрид   27:24 (16:11)

Металург: Томовски (12 одб.), Даниловски (1 одб.), Маџовски, Јагањац 4, Димитриоски 2, Токиќ 1, Серафимов, Кузмановски 8, Илиќ, Велковски 3, Пешевски 3, Палевски 2, Гуглета 3, Матијашиќ, Лазаревски, Арсеновски 1.    Седмерци: 3/5.    Исклучувања: 6 мин.

Охрид: Трајкоски (12 одб.), Колев (1 одб., 1 сед.),  Ѓоргиески, К. Андоноски 2, Ивановски, Младеновски 7, Блажески 2, Костов 1, Ристески, Спасовски, Јанчев 2, Тасески 2, Кобетиќ, Д. Андоновски, Димитријески 8.   Седмерци: 4/4.   Исклучувања: 8 мин.

Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје.

Делегат: Камер Металари од Скопје.

Прочитано 162 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 1 =