МЕТАЛУРГ СЕ ПЛАСИРА ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

02.05.2013 23:20
MJI_7769_resize

za tekst

Металург е последниот полуфиналист во Купот на Македонија. По победата над екипата на Тинекс Пролет, Металург им се приклучи на екипите на Вардар ПРО, Металург Јуниор и на Зомимак М.

Денешната средба помина во доминација на нашиот шампион. На самиот почеток гостите поведоа со 2:0, но Металург врати со серија од 4:0, го презеде водството, кое го задржа до самиот крај. Во 19. минута Металург водеше со резултат 6:3, а полувремето го заврши со предност од + 7, 14:7.

И вториот дел почна со два гола на екипата на Тинекс Пролет на што Металург повторно врати со четири свои, 18:9. Најголемата предност од 11 гола е достигната во 57. минута, 24:13, а крајниот резултат од средбата е 25.14.

Никола Митревски собра 22 одбрани, меѓу кои и два седмерци, а Ракчевиќ и Маркоски, од Металург, и Стефанов, од Тинекс Пролет, постигнаа по четири гола.

MJI_7703_resize

РК Металург – Тинекс Пролет  25:14 (14:7)

РК Металург: Митревски (20 одбрани + 2 седмерци), Станиќ, Ракчевиќ 4, Левов 1, Димовски 3, Вугринец 2, Георгиевски 2, Миркуловски 1, Маркоски 4, З.Мојсоски 3, Додер 2, Н.Мојсовски 3, Јоновски, Мандиќ, Алушовски и Коражија.     Седмерци: 1/2.    Исклучувања: о минути.

РК Тинекс Пролет: Димовски, Младеновски 2, Коруновски, Мајнов, Ролевски 3, Грчевски, Петковски 1, Цветковски, Стефанов 4, Андоновски, Печенковски 3, Јанкуловски, Ѓорѓиевски 1 и Спасовски.     Седмерци: 0/3.     Исклучувања: 2 минути.

Судии: Начевски Ѓорѓи и Николов Славе од Скопје.

Делегат: Николовски Ацо од Скопје.

MJI_7780_resize

Прочитано 974 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 2 =