Металург се подготвува за предизвиците во пеколната седмица

21.11.2020 13:51
DAR_9411_resize_resize

Ракометарите на Металург од Шпанија се вратија в четврток пред полноќ и го имаа само вчерашниот ден за одмор, пред претстојните предизвици во Лига Европа и во македонската Суперлига.

Металург со тренинзи продолжи денеска, во пресрет на пеколните осум дена во кои ќе одиграме дури пет средби, две во Лига Европа и три во првенството на Македонија.

Најпрво не очекува дуелот со Фиверс во Скопје (24.11), а потоа три едноподруго натпревари во македонската Суперлига, против Младост (25.11), против Бутел (26.11) и против Прилеп (28.11). На први декември, пак, во Скопје ќе ни гостува екипата на Чеховски Медведи, во натпревар од Лига Европа.

.

Распоред на претстојните натпревари на Металург:

24 ноември: Металург – Фиверс

25 ноември: Младост Богданци – Металург

26 ноември: Бутел – Металург

28 ноември: Металург – Прилеп

1 декември: Металург – Чеховски Медведи

3 декември: Еурофарм Пелистер 2 – Металург

5 декември: Работнички – Металург

Прочитано 226 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 9 = 13