МЕТАЛУРГ СЕ СОГЛАСИ СО ПРЕДЛОГОТ ЗА ПРЕКИН НА СЕХА ЛИГА

22.03.2012 14:12
rtfolio-seha-mash-1316551760_resize

Пред да стигне официјалниот допис од седиштето на СЕХА лига, нашето раководство беше усмено запознаено со постоењето на таков предлог за прекин на лигата. Бидејќи Металург имаше време да го разгледа овој предлог, ставовите беа усогласени и во СЕХА го испративме следниот допис:

                                                  Почитувани,

Во врска со дописот на претседателот на СЕХА лига, г-нот Санди Шола, би сакале да Ве информираме:

РК Металург се согласува со предлогот на агенцијата “Спортска димензија“ за прекин на лигата и организирање на фајнал форот во кој ќе играат екипите кои се на првите четири позиции во овој момент.

Се надеваме дека со ваквиот чекор не го уништуваме започнатото остварување на идејата за лига која има голема перспектива и дека идната сезона истата ќе биде многу подобро организирана и ќе бидат отстранети сите недостатоци.

 

РК Металург

Претседател, Ристо Чокрев

Прочитано 1.189 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 8 = 17