Металург се враќа со победа од Струмица

31.05.2016 20:26
GIL_1452_resize

Металург со победа го заврши тековното ракометно првенство, откако на гостувањето во Струмица го победи истоимениот тим со резултат 33:28 (18:13).

Металург очекувано го диктираше темпото на овој натпревар и не и даде никаква шанса домашната екипа на теренот каде минатата сезона го загубивме второто место. Денеска Струмица не успеа ниту да го израмни резултатот, а каков ќе биде текот на се виде на самиот почеток, кога поведовме со 4:0. Имавме во првото полувреме и +7, 11:4, но овој дел заврши со 13:18.

Во слична игра мина и вториот дел. Нашите ракометари беа задоволни од стореното и не притискаа на голот на струмичани. И во овој сегмент од играта имавме предност од седум гола, 24:31, но средбата заврши со истата разлика како по првиот дел.

Макс Струмица – Металург  28:33 (13:18)

Макс Струмица: Горгиев,Наков, Милосављевиќ 2, Соколов 8, Антонио Атанасов, Димитров, Чизмовиќ 6, Костески, Мастев 1, Везенковски 1, Александар Атанасов, Мајиќ 9, Ристов,Стојков и Стојанов 1.    Седмерци: 5/6.     Исклучувања: 6 минути.

Металург: Дупјачанец, Томовски, Петров 1, Мраковчиќ 1, Маџовски, Костески 4, Матиќ 5, Вујовиќ 2, Бувиниќ 3, Јагуриновски 1, Кукоски 1, Крстевски, Талески 8, Пешевски 1, Палевски 5 и Арсеновски 1.   Седмерци: 1/2.     Исклучувања: 4 минути.

Судии: Глигор и Спаско Ќаеви од Скопје.

Делегат: Камер Металари од Скопје.

Прочитано 906 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + 5 =