- МЕТАЛУРГ УБЕДЛИВ ПРОТИВ ПАРТИЗАНОбјавено пред 4 months
- ИРАКЛИ КБИЛАШВИЛИ Е ИЗБРАН ЗА МВП НА ТУРНИРОТ ВО КАЊИЖАОбјавено пред 4 months
МЕТАЛУРГ СЕ ВРАЌА СО ТРИ БОДА ОД ДОБОЈ

Втора победа на Металург во натпреварите од СЕХА-лигата. На гостувањето во Добој е совладана екипата на Слога, со резултат 26:23 (10:11).
Металург настапи во комбиниран состав, без поголем број првотимци: Наумче и Златко Мојсовски, Миркуловски, Станиќ, Ракчевиќ, Димовски, Маркоски, Вугринец и Алушовски. Од составот на Металург јуниор беа земени Жарко Пешевски и Борјан Маџовски.
Натпреварот помина во израмнета борба, со повремени водства на двете екипи.
Металург добро го почна натпреварот и поведе со 3:0. Водевме и со 4:1 и 5:2. Домаќинот најпрво израмни на 6:6, а потоа и го сврте резултатот во своја полза. Најголемо водство Слога имаше при резултатот 11:8. До крајот на првиот дел Металург постигна два гола и полувремето заврши со резултат 10:11, за Слога.
Вториот дел помина во огорчена борба, во која резултатот беше израмнет дури седум пати. Металург победата ја извојува во последната третина од второто полувреме, кога поведовме со 25:21. Обидите на Слога да дојде до поповолен резултат не дадоа плод и средбата заврши со 26:23 за Металург.
РК Слога Добој – РК Металург 23:26 (11:10)
РК Металург: Ангелов, Митревски, Батиновиќ 4, Јоновски, Додер 2, Стоилов, Наумовски 1, Козлина 7, Манасков 6, Георгиевски 6, Левов, Пешевски и Маџовски.