Металург се засили со двајца нови ракометари

02.11.2018 14:11
MJI_32190_resize

По Словенецот Александар Шпенде, Металург во своите редови доведе уште двајца ракометари кои настапуваат на позиции среден и лев бек. Се работи за Словенецот Миха Пучник (30 г., 191 см, 100 кг.) и за Португалецот Гонзало Риберио Грача (21 г., 187 см., 95 кг.).

Миха Пучник, како и Александар Шпенде, се ракометари што во своите јуниорски денови биле дел од младата репрезентацијата на Словенија, а јуниорски репрезентативен статус има и Грача, кој наедно е и првиот португалски ракометар, кој ќе игра во еден македонски тим. Словенецот Пучник, чиј договор е со важност до крајот на тековната сезона, во Металург доаѓа од редовите на белгиски Бохолт, а претходно бил дел од словенечките тимови Горење, Оромож и Марибор, додека, пак, Португалецот Грача, кој потпиша договор до 2020 година, дојде од редовите на францускиот прволигаш Понтокомбо, а претходно две сезони беше дел од составот на португалска Бенфика.

Среќни сме што за многу краток период и на половина мината сезона, успеавме да ангажираме тројца квалитетни ракометари, кои ги задоволуваат критериумите на нашиот стручен тим, за да се зголеми ротацијата во играта и кои ќе бидат соодветна замена за Халил Јагањац. Верувам дека со своето искуство и квалитет во голема мера ќе придонесат за подигање на квалитетот на играта на Металург во натпреварите во Лигата на шампионите, Регионалната лига како и плејоф-завршницата во домашното првенство“, изјави претседателката на Металург, Зорица Блажевска.

Во новите засилувања добивме играчи со одлични индивидуални квалитети. Од тоа што го видовме во неколкуте одработени тренинзи со екипата, верувам дека добро ќе се вклопат во нашиот систем на игра и работа и дека сите ќе бидеме задоволни од остварената соработка“, вели тренерот на Металург Данило Брестовац.

Јас сум најстар играч во Металург. Сакам да му помогнам на клубот. Останатите се млади, добро е да се игра во Лигата на шампионите и се надевам дека ќе придонесам за тимот. Сакам да биде подобро од претходното, ќе се потрудам да направам разлика на мечевите“, изјави Пучник.

За мене е добро да бидам тука. Сакам да напредувам, гледам дека Металург има добар тим. Мислам дека најважно е што ќе бидеме сите заедно и ќе се обидеме да ги достигнеме поставените цели во оваа сезона. Како Португалец, да дојдам да играм во Лигата на шампионите толку рано е добро. Металург е важен предизвик за мене“, изјави Рибеиро.

Прочитано 650 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + 7 =