Топ Вести

MЕТАЛУРГ СЛАВЕШЕ ВО РАДОВИШ

21.05.2015 00:18
MET_RAD (26)_resize

za tekst

Металург оствари убедлива победа на гостувањето во Радовиш, во рамките на 6. коло на македонскиот плејоф. Нашите ракометари победија со резултат 29:22 (14:12).

Во првото полувреме се водеше рамноправна борба, во која двете екипи се менуваа во водство. Екипата на Радовиш пружи силен отпор, но на крајот од  полувремето Металург сепак успеа да се одлепи и да замине на одмор со предност од два гола.

Во второто полувреме работите целосно се променија во полза на нашиот тим. Дојде до израз разликата во квалитетот на двете екипи и Металург многу брзо создаде предност недостижна за домашниот состав. Конечниот резултат е 29:22 и оваа разлика е поголема од таа што ја постигнавме во првото коло, на домашен терен, кога беше 26:20.

Наш најдобар ракометар, втора средба по ред, беше Војводиќ, кој постигна 7 гола, еден повеќе од Џукиќ и од Ојлески.

Радовиш – Металург 22:29 (12:14)

Прочитано 1.000 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + 8 =