Металург 2 со цел плен против екипата на ЦЕМС

28.09.2018 22:21
_DSC0050_resize

Во третото коло на Прва ракометна лига, група 1, Металург 2 го совлада тимот на ЦЕМС и дојде до нови три бода, со кои се зацврсти на челото на првенствената табела.

Средбата се одигра во Автокоманда, но улогата на домаќин ја имаше тимот на ЦЕМС.

Во првото полувреме долго се водеше израмнета борба при што двата тима се менуваа во водството. Но така беше до пред самиот крај на првиот дел, а потоа Металург 2 искористи неколку грешки на противникот и создаде комотно водство од пет гола, 9:14. Првото полувреме заврши со резултат 11:15.

Почетокот на вториот дел мина во знакот на екипата на ЦЕМС, која искористи неколку наивни грешки на нашите ракометари, но го искористи и двојното исклучување кај Металург 2, и во неколку минути ја стопи предноста на нашиот тим, израмнувајќи на 16:16. Сепак, тоа беше се што противникот успеа да стори во второто полувреме. Металург 2 брзо се консолидира, го врати водството, а потоа и го зголеми до денеска максималните осум гола разлика. Конечниот резултат е 27:35 во полза на нашите ракометари.

.

ЦЕМС – Металург 2  27:35 (11:15)

ЦЕМС: Трајчевски, Василевски 1, Антевски 4, Ташевски 3, Станојевиќ 2, Шумовски, Стевановски, Митев 6, Киселовски 4, Блажевски, Омерагиќ, Спасовски 1, Вењановски, Стојчевски 4, Тасески и Стојчевиќ 2.    Седмерци: 2/5.    Исклучувања: 4 минути.

Металург 2: Божиновски, Михајлов 5, Кондев 1, Меловски, Кофиловски 6, Гошевски 7, Митиќ 2, Лембанов, Ристовски 3, Л.Додиќ, Младеновиќ 2, Прентовски, Тодевски, С.Додиќ 4, Гајиќ 5 и Мијатовиќ.     Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 14 минути.

Судии: Металари Исмаил и Николовски Ненад од Скопје.

Делегат: Ѓоргиевски Митко од Скопје

Прочитано 345 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + = 10