Металург со камата му наплати на Тинекс Пролет

23.04.2021 21:56
DAR_5889_resize

Во Автокоманда се одигра натпревар од осмото плејоф-коло, меѓу екипите на Металург и на Тинекс Пролет. Оваа средба беше од извонредно значење за двата тима, бидејќи Металург бараше приклучок во борбата за излез во Европа, додека гостинскиот тим со евентуалниот успех ќе беше многу блиску до освојувањето на третото место. Се очекуваше жестока борба за бодовите и тоа и се оствари.

Првото полувреме мина во израмнета борба, но Металург беше тимот што имаше резултатска предност во најголемиот дел од овој период. Металург водеше и со три гола разлика, но и Тинекс Пролет имаше свои периоди, особено кога во еден момент имаше дури двајца ракометари повеќе на теренот и кога успеа да направи серија од 5:0, за свое највисоко водство, 9:12. Сепак, Металург успеа да се консолидира и до крајот на првите 30 минути ја врати предноста и на одмор замина при резултат 13:12 во наша полза.

Се се смени во вториот дел, кој Металург го одигра перфектно. Нашите ракометари поставија непробоен бедем пред нашиот гол пред кој спласнаа сите напади на противникот. Металург ги искористи сите грешки на гостинската екипа и со брзи контранапади почна да го решета голот на Тинекс Пролет. Набрзо ги имавме највисоките +8 на оваа средба, а потоа до крајот на натпреварот рутински ја задржавме стекнатата предност.

Металург со овој резултат врати со камата за поразот од овој противник во првиот дел од плејоф фазата. По добрата игра против Вардар и денешниот успех, можеме да констатираме дека Металург ја консолидира својата форма пред решавачките натпревари во продолжението на сезоната.

.

Металург – Тинекс Пролет  29:22 (13:12)

Металург: Дупјачанец, Ѓоргески, Хорват 9, Серафимов 6, Поповиќ 5, Калуѓеровиќ 4, Додиќ 3, Митиќ 1, Рниќ 1,  Петковски, Шилегов, Тодески, Маркоски и Кофилоски.    Седмерци: 3/4.     Исклучувања: 14 минути.

Тинекс Пролет:  Ангелов, Цветковски, Кристо, Пецаковски 4, Палевски 4, Василевски, Аларов 3, Давитковски, Додевски, Димов 2, Андоноски 2, Џонов 1, Дамчевски, А. Василевски, Потиќ 3 и Пејовиќ 3.    Седмерци: 4/6.     Исклучувања: 6 минути.

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Делегат: Ацо Николовски.

Прочитано 178 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − = 0