Металург со лекција за Охрид

10.12.2015 23:40
AND_4445_resize

Иако овој натпревар, по логика на позициите на табелата, требаше да биде за нас најтешкиот натпревар во регуларниот дел на првенството, се излезе многу полесно, бидејќи Металург целосно го надигра добриот тим на Охрид.

По вообичајното десетминутно загревање на почетокот на средбата, нашиот тим изврши вистинска опсада на голот на Охрид, па разликата уште во првиот дел достигна до осум гола, 21:13, иако во последните пет секундиОхрид постигна гол, па на одмор екипите заминаа при резултат 21:14.

Овој натпревар го игравме без повредениот Давид Шпилер, а во второто полувреме Лино Червар ги повлече и повеќето од другите првотимци, па овој период го одигравме со нашата втора постава. И покрај тоа, разликата набрзо надмина двоцифрена вредност, а конечниот резултат е 36:25.

Тоа што особено го радува клубот е дебитанскиот настап на младиот голман Мартин Томовски (18), кој во манир на искусен голман одбрани дури три седмерци и плус фати уште три топки.

Металург – Охрид 36:25 (21:14)

Металург: Дупјачанец, Томовски, Петров, Мраковчиќ 1, Маџовски 4, Божовиќ 9, Костески 6, Матиќ 3, Бувиниќ 4, Матијашиќ, Кузмановски 2, Куковски, Крстевски 3, Талески, Велковски 2 и Пешевски 2. Седмерци: 4/4. Исклучувања: 12 минути. Црвени картони: Кукоски во 49. минута и Петров во 52. минута.

Охрид: Костески, Павливиќ 6, Андоновски, Кежиќ, Хогас 4, Балевски 1, Трифуновски, Тасески 1, Печенковски 5, Новаковиќ, Пецаков, Вражалица 7, Стојановиќ 1 и Колев. Седмерци: 2/5. Исклучувања: 4 минути.

Прочитано 1.393 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 2 = 5