Металург со победа ја заврши 2018 година

18.12.2018 22:19
RMED9533_original_resize

Во својот последен натпревар во 2018 година, Металург на гостувањето во Љубушки го совлада тимот на Извиѓач, со резултат 30:31 (14:16), и ја извојува својата втора победа во тековната сезона на СЕХА-лигата.

Првото полувреме во својот најголем дел мина во израмнета борба, со повремени водства на двете екипи. Во првите 20 минути, Металург водеше со 3:4 и со 5:6, додека Извиѓач најголемата предност ја стекна во 17. минута, кога поведе со резултат 8:6. Сепак, во последната третина од првото полувреме Металург влезе во убава серија и при крајот на полувремето поведе со комотни 13:16. Извиѓач до крајот имаше само три секунди да го заврши својот последен напад, но успеа да погоди и на полувреме екипите заминаа при резултат 14:16 за Металург.

Во второто полувреме, Металург долго време успешно ја бранеше својата предност од првиот дел, а на моменти ги достигнуваше и максималните +3, при 18:21 и 19:22. Но, во последната четвртина од средбата влеговме во голема резултатска криза и дури 8 минути останавме без постигнат гол. Домашниот тим ја искористи нашата криза и во 56. и 58. минути поведе со опасни два гола разлика, 29:27 и 30:28. Во последните две минути кулминираше драмата на теренот, бидејќи Металург успеа да израмни на 30:30, а потоа и да се одбрани во последниот напад на Извиѓач. Во последните 20 секунди топката беше во рацете на нашиот тим, кој нападна преку Пучник, а тој пак беше фаулиран на линијата за шест метри. Судиите оправдано досудеа седмерец за Металург, кој го искористи Александар Шпенде и ни ја донесе втората победа во СЕХА-лигата.

.

Извиѓач – Металург  30:31 (14:16)

Извиѓач: Анѓелиќ (5 одбрани), Квесиќ (5 одбрани), Миличевиќ 1, Алиловиќ 8, Кос 4, Бечиќ, М.Мисетиќ, Чутура 4, Вуксиќ 1, Приморац, Матага, Маретиќ 1, Калуѓеревиќ 3, Кордиќ 5, Г.Мисетиќ и Делиќ 3.    Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 6 минути.

Металург: Даниловски (5 одбрани), Томовски (2 одбрани), Јагуриновски, Димитриоски 3, Шилегов 9, Танкоски 3, Младеновиќ, Шпенде 9, Рибеиро 2, Пучник, Миличевиќ 3, Маџовски 2, Стојановиќ и Арсеновски.    Седмерци: 4/6.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Матија Губица и Борис Милошевиќ од Хрватска.

Делегат: Синиша Рудиќ од Хрватска.

Прочитано 467 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − 5 =