МЕТАЛУРГ СО ПОБЕДА СЕ ВРАЌА ОД БАЊА ЛУКА

01.10.2013 19:35
_F5U1374_resize

za tekst

Металург вечерва го совлада тимот на Борац во Бања Лука, со резултат 26:22 (13:13). Нашиот тим настапи без скоро комплетната прва постава и со петмина млади ракометари од Металург Јуниор.

Во првото полувреме се водеше рамноправна борба во која и двете екипи имаа повремено водство, иако домашниот состав во подолг период го контолираше резултатот. Најголемата разлика ја создаде екипата на Борац, која во 12. минута стекна предност од три гола, 7:4. Сепак, крајот на првиот дел двете екипи го дочекаа со идентичен број на голови, 13:13. Во редовите на Металург головите ги постигнаа само тројца ракометари: Д.Манасков и Кеџо, по четири, и Пецаковски, пет гола. На нашиот гол одличен беше Мијатовиќ, со 10 одбрани.

Во вториот дел нашите ракометари го засилија темпото и веќе во 44. минута стекнаа предност од три гола, 16:19. Иако домашните ракометари вложија напор да се вратат во игра, натпреварот заврши со победа на Металург, со резултат 26:22. Во второто полувреме на нашиот гол застана Никола Митревски, кој до крајот собра 10 одбрани.

РК Борац Б.Л. – РК Металург  22.26 (13:13)

РК Борац Б.Л.: Блажевиќ (11 одбрани), Хасељиќ, Јанковиќ, Херцеговац 2, Тешиќ 3, Црногача, Крстајиќ, Микиќ 2, Њезиќ, Вучиќ 1, Безбрадица 3, Раџеновиќ, Обрадовиќ 5, Тривунџа 6, Шешиќ и Цераниќ.    Седмерци: 0.    Исклучувања: 6 минути.

РК Металург: Мијатовиќ (10 одбрани), Митревски (10 одбрани), Пецаковски 9, Д.Манасков 6, Кеџо 6, Георгиевски 3, Мандиќ 1, Топиќ 1, Ојлески, Н.Маркоски, Костески, М.Манасков, Маџовски, Талески и Пешевски.     Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 2 минути.

Судии: Томислав Циндриќ и Роберт Гонзурек.

Прочитано 2.422 пати

(3) Коментари

  1. Cestitki za pobedata , no bi sakal da prasam dali 10 te odbrani na Mitrevski se pomalku vredni od 10 te na Mijatovik pa voopsto ne goni spomnuvate. Pravite golema nepravda prema Mitrevski a mnogu pati pokaza deka e odlicen golman. Pozdrav

    • Секако дека не се помалку вредни. Мијатовиќ го потенциравме бидејки е тоа негова прва средба во дресот на Металург, на која бранеше цело едно полувреме.

  2. BRAVO METALURG!!!!Doagam da Ve gledam vo sabota!!!!pozdrav

Напишете коментар


9 + = 18