МЕТАЛУРГ СО ПОБЕДА СЕ ВРАЌА ОД ПРИЛЕП

31.10.2015 22:43
12111918_1047302658648018_7857575076638603830_n_resize

za tekst

Вечерва во Прилеп го одигравме нашиот седми натпревар во ВИП Суперлигата и дојдовме до нашата седма победа, после која се зацврстивме на врвот на табелата, како осамен лидер, со освоени 21 бод.

Никому не му е лесно да игра против добриот состав на Прилеп во Прилеп, па не ни беше ниту нам. Затоа долго време средбата беше рамноправна. Металург имаше константно водство, но и Прилеп постојано беше на чекор, два од нашиот резултат. Сломот на Прилеп дојде во последната декада од првото полувреме, кога Металург со фуриозна игра го разби противникот и обезбеди предност од осум гола предпочетокот на вториот дел, 11:19.

Второто полуврее го одигравме рутински. Прилеп направи се за да фати резултатски приклучок, на моменти се доближуваше и на само три гола од израмнувањето, но за целосен пресврт немаше сили. Конечниот резултат е 32:27, а нашата победа е повеќе од заслужена.

Костески со 7 гола беше најпрецизен во нашиот тим, пред Божовиќ, кој постигна 6 гола, 5 од линијата за седум метри.

Прилеп – Металург  27:32 (11:19)

Прилеп: Рајчиќ, Божиновски, Тодороски, Ѓорѓиески, Петкоски, Спасески, Петрески, Андреиќ, Шаренац, Бзароски, Стефаноски, Секучиќ, Талевски, Ангеловски, Турченко и Јанески.     Седмерци: 5/6.      Исклучувања: 2 минути.

Металург: Дупјачанец (12 одбрани), А.Пешевски (1 одбрана), Петров 2, Маџовски 1, Божовиќ 6, Костески 7, Матиќ 2, Бувиниќ 3, Кузмановски 2, Кукоски 4, Талески 1, Палевски 4, Матијашиќ, Крстевски, Велковски и Ж.Пешевски.       Седмерци: 5/5.      Исклучувања: 4 минути.

Судии: Митревски Димитар и Тодоровски Благојче од Битола.

Делегат: Василев Јово од Битола.

Прочитано 1.660 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 + = 3