Металург со подготовките ќе почне в понеделник

08.01.2021 17:26
DAR_0715_resize_resize

По двонеделна пауза, в понеделник, 11 јануари, стартуваат подготовките на Металург за вториот дел од сезоната. Ракометарите ќе тренираат во Автокоманда, а за почеток тренерот Димитриоски ќе располага само со македонските играчи. Поголемиот дел од нашите странски засилувања во овој период имаа репрезентативни обврски, па дополнително добија неколку дена одмор од претседателката Блажевска.

Металург за времето на подготовките планира да одигра и неколку пријателски натпревари, со противници кои дополнително ќе ги соопштиме.

Втората половина од сезоната ќе ја играме без Михајло Младеновиќ и Лука Вујовиќ, кои веќе не се дел од нашиот колектив.

Првата официјална обврска на Металург за втората полусезона е на 9 февруари, кога дома ќе ја пречекаме екипата на Феникс Тулуз. Покрај оваа, во февруари не очекуваат уште две средби од групната фаза на Лига Европа, со екипите на Висла Плоцк и на Фиверс.

.

09 февруари:  Металург – Феникс Тулуз

16 февруари:  Висла Плоцк – Металург

23 февруари:  Фиверс – Металург

Прочитано 184 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 4 = 3