Металург со полниот плен се враќа од Прилеп

16.04.2016 23:20
_DSC0501_resize_resize

Во рамките на првото плејоф-коло, нашите ракометари гостуваа во Прилеп, каде без особени проблеми извојуваа убедлива победа, со резултат 35:27 (18:11).

Домашниот состав мотивирано влезе во овој натпревар и до половина од првото полувреме успеваше да му се спротивстави на нашиот многу поквалитетен тим. Во овој период Прилеп дури запиша и водство од 8:6. Но, ракометарите на Металург ја подигнаа својата игра и, со серија од 5:0, дефинитивно преминаа во водство, па веќе до одморот стекнавме предност од седум гола.

Металург рутинирано го одигра второто полувреме, во кое одигра онолку, колку што беше потребно да се одбрани резултатот и минимално да се добие и овој дел од играта.

Ова е трета наша победа во оваа сезона над овој противник.

Прилеп – Металург  27:35 (11:18)

Прилеп: Илиоски, Тодороски, Талевски 4, Ѓорѓиески 5, Петкоски 3, Спасески, Петрески, Рајичиќ, Бозароски 1, Стефаноски, Секулиќ 3, Ангеловски 3, Турченко 4 и Јанески 4.   Седмерци: 2/4.    Исклучувања: 4 минути.

Металург: Петров, Костески 6, Матиќ 7, Дупјачанец, Вујовиќ 3, Томовски, Бувиниќ 5, Матијашиќ, Кузмановски 1, Кукоски, Талески 4, А.Пешевски, Ж.Пешевски, Палевски 6 и Шајин 3.     Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 10 минути.

Судии: Митревски Димитар и Тодоровски Благојче од Битола.

Делегат: Василев Иво од Битола.

Прочитано 990 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + 2 =