МЕТАЛУРГ СОПРЕН ВО ФИНАЛЕТО НА СЕХА ЛИГА

16.04.2012 12:13
DSC_0056_resize

Шампион на првото неофицијално клупско балканско првенство во ракомет е екипата на Вардар ПРО. Тоа е епилогот од вчерашното финале во СЕХА лига во кое Металург доживеа пораз од својот лут градски ривал, прв за последните две години.

Металург лошо го одигра завршниот турнир во СЕХА лига. Тоа се виде во полуфиналниот дуел против екипата на Татран и особено во финалната средба.

Имавме водство до 54-тата минута, повремено и со 6 гола разлика, па сепак ја загубивме средбата. Изгубивме добиен натпревар. Одигравме најлошо второ полувреме во последните две години, полувреме во кое постигнавме само 6 гола за 30 минути, само 3 гола за за 25 минути и само 1 гол во последните 15 минути. Тоа не беше Металург каков што навикнавме да гледаме. Иако Вардар одигра одличен натпревар и заслужено ја освои титулата, вината за поразот не е во силата на Вардар туку во необјаснивите слабости во нашата игра. Во моменти кога бевме барем малку ангажирани во играта остварувавме предност каква што посакувавме и каква што и очекувавме. Потоа доаѓаа неочекувани падови во кои Металург…не беше Металург. Вардар знаеше да ги искористи тие моменти и да дојде до победа, прва по онаа од 24 март 2010 година.

Тешка и долга сезона на клупски и репрезентативен план, сезона каква што досега немал ниту еден наш ракометар, замор и заситеност од ракомет, пад во формата на најдобрите, мали и големи повреди кај нашите играчи…тоа се само дел од причините за нашата анемична игра, причини кои ќе треба да ги лоцира и отклонува нашиот стручен штаб и управата на клубот. Време има се помалку и не очекуваат нови тешки дуели со истиот противник.

Металург остана во Хрватска и до петок ќе се подготвува во Иваниќ Град. Во Скопје се враќа со авион во петок навечер.

Фото:

Прочитано 1.171 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 6 =