Металург стартува со дерби натпревар, објавен е распоредот на турнирот во Струга

07.08.2020 01:20
ekipa 02_resize

Организаторот го објави распоредот на 48. издание на традиционалниот ракометен турнир во Струга.

Турнирот ќе се одржи во периодот од 12 до 16 август, а ќе учествуваат осум македонски екипи, меѓу кои и Металург.

Во нашата група “Б“ уште во првиот ден ќе се одигра дерби натпреварот меѓу Металург и Еурофарм Работник. Натпреварот е закажан со почеток во 21.15 часот.

.

Распоред на турнирот:

raspored-struga_resize

Инаку, турнирот дефинитивно ќе се одигра без присуство на публика и, освен ракометарите, на средбата ќе можат да присуствуваат само официјалните лица и претставници на клубовите.

Прочитано 460 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 2 = 4