МЕТАЛУРГ ТРЕНИРА ВО ОХРИД

10.08.2012 21:39
0

Сместена во прекрасниот хотел “Гарден“ во Охрид, во близина на салата, екипата на Металург денес ги продолжи подготовките за претстојната сезона. Условите за работа се одлични за што сведочи и изјавата на нашиот помошник тренер Александар Петровски:

“Одлично сме сместени и денес почнавме со работа. Условите се идеални исто како и временските прилики. Во Охрид заврна и дожд што донесе вистинско освежување по тешките скопски горештини. Сите ракометари ни се на располагање сем Дарко Станиќ кој ќе ни се приклучи во понеделник. Момците се во добро расположение и вредно тренираат. Денес го пробавме и новиот охридски тартан. Тренинзите ги изведуваме по истиот распоред како и во Скопје, значи утрински во 9.30 на отворено и вечерен во 18.00 часот во сала. Се на се, првите впечатоци се одлични. Веќе во среда ќе ги имаме и првите натпревари во склопот на Струшкиот ракометен турнир“.

Фото:

Прочитано 761 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 − = 1