Металург тргна кон Скопје

30.09.2020 22:56
118620278_10220090523626173_2970003535161062187_n

Откако денешниот ден мина во дружење и прошетка низ Цирих, ракометарите на Металург вечерва летнаа кон Истанбул, каде ќе преспијат и ќе го минат целиот утрешен ден. Утре, во вечерните часови нашата екипа се враќа во Скопје.

Од понеделник Металург ќе продолжи со редовните тренинзи и со подготовките за новите искушенија во групната фаза на Лига Европа, чии натпревари почнуваат на 20 октомври.

Веќе утре, со почеток во 11 часот, во Виена ќе се влече ждрепката за составот на групите и многу брзо ќе ги дознаеме своите противници во групната фаза.

Прочитано 214 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − 3 =