МЕТАЛУРГ ТРГНУВА ВО НОВ ПОДВИГ

14.10.2012 11:26
74817_371431429599511_1644320096_n

Денеска е уште еден од оние денови кога сите со нетрпение го очекуваме настапот на Металург во Лигата на шампионите. Го очекуваме со нескриен оптимизам, но и со внатрешен немир. Лигата на шампионите е место каде што се натпреваруваат само најдобрите и тука нема слаби противници. Силкеборг, по единаесет врзани порази, во минатото коло го совлада Шамбери и сега со зголемен апетит ја очекува средбата со нашиот тим. Металург отпатува во Данска за да го потврди својот несомнен квалитет. Свесен дека има можност за досега најголем успех во најсилното натпреварување во светот на ракометот, нашиот тим ќе се обиде да стигне до нова победа, до нов подвиг кој ќе го “зацементира“ угледот стекнат во последните две сезони. Металург одамна ја напушти позицијата на аутсајдер и случаен учесник во ЛШ. Металург е екипа што предизвикува немир кај сите со кои ќе се сретне.

На патот на нашиот шампион денеска ќе му застане екипата на Силкеборг. Екипа по мера. Екипа што можеме да ја совладаме. Ќе биде тешко, ќе има жестока борба, но – помалку и не сме очекувале.

На нашите момци им посакуваме добар натпревар, им посакуваме победа што ќе не израдува сите. Во 17 часот сите очи ќе бидат вперени во телевизиските приемници, а нашите мисли ќе бидат таму, во Кјелеруп, во салата “Мидт“.

Фото:

Прочитано 679 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + = 10