Металург убедлив и на македонски погон

23.12.2020 23:11
DAR_1082_resize_resize

Металург убедливо го совлада тимот на Младост од Богданци на средбата од 12. коло, која вечерва се одигра во Автокоманда.

Иако игравме без своите странски засилувања, успеавме целосно да го надиграме противникот и да триумфираме со цели 11 голови разлика, 37:26 (21:10).

Овој натпревар за Металург е петти едноподруго за многу кратко време, и е одигран само ден по тешка средба против екипата на Фиверс во Лига Европа. Но, тоа не се почувствува во играта на нашите ракометари, кои многу брзо го скршија отпорот на противникот и победата ја извојуваа уште во првото полувреме.

Вториот дел воглавно го одиграа нашите резервисти, кои го дадоа својот допринос за освојувањето на новите три бода, со кои се зацврстивме на врвот на табелата во нашата група.

До крајот на регуларниот дел не очекуваат уште средбите со Тиквеш во Кавадарци (петок) и домашната дерби-средба со тимот на Бутел (недела).

.

Металург – Младост Богданци  37:26 (21:10)

Металург: Ѓорѓески, Дупјачанец, Кондев 2, Петковски 6, Кофилоски 5, Шилегов 5, Серафимов, Лазаревски 4, Младеновиќ 4, Тодески 5, Митиќ 2, Додиќ 4 и Маркоски.    Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 4 минути.

Младост Богданци: Пешков, С.Михајловиќ 6, Пеев, Динов 4, Николоски 1, Паунков, Роглев 2, М.Михајловиќ, Стојчевски 2, Лупашко 4, Стоилов, Чрчев 2, Лисичков 4 и Димитров 1.    Седмерци: 0/1.     Исклучувања: 10 минути.

Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски.

Делегат: Камер Металари.

Прочитано 470 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + 6 =