Металург убедлив против Дубочица

26.08.2019 19:13
68784111_1507244339417842_4373131972755587072_o_resize

Враќајки се од турнирот “Кањижа Куп“, Металург денеска одигра пријателски натпревар против српскиот суперлигаш Дубочица од Лесковац. Средбата помина во целосна доминација на Металург и заврши со резултат 25:34 (12:16).

Иако и овој натпревар го одигравме со преполовен тим, а чувствувавме и замор, бидејќи ова беше наш седми натпревар во последните десет дена, дополнети со патувања до Москва и до Кањижа, денеска без многу проблеми го совладавме тимот на  Дубочица. Стартувавме со убијствена серија од 8:0 во првите десет минути, што од самиот почеток го посочи победникот. Сепак, високото почетно водство ја ослаби концентрацијата кај нашите ракометари, кои дозволија противникот да ја преполови нашата предност до крајот на првото полувреме, 12:16.

Најблиску противникот беше во 32. минута, кога беше 14:17, но потоа Металург повторно го засили темпото и во 47. минута стигнавме до максималните +9, 18:27. Со оваа иста разлика средбата и заврши, а конечниот резултат е 25:34.

За одбележување е настапот на Димитар Михајлов, кој на својот прв меѓундароден меч постигна пет гола.

Веднаш после средбата, Металург тргна кон Скопје.

.

Дубочица – Металург  25:34 (12:16)

Металург: Мијатовиќ, Ѓорѓиевски, Арсеновски, Михајлов 5, Јагуриновски 2, Поповиќ 4, Лазаревски 1, Шилегов 6, Мариќ 3, Серафимов 5, Младеновиќ 2, Вујовиќ, Кбилашвили 2, Додиќ 4 и Стојановиќ.    Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 4 минути.

.

Фото:

Прочитано 459 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − 5 =