Металург убедлив против екипата на Прилеп

13.08.2020 21:06
117595068_2990038607792597_8912086779753890785_o_resize

Металург вечерва ја извојува својата прва победа на турнирот во Струга. Совладан е тимот на Прилеп, со резултат 33:24 (13:11), што е и највисока победа на една екипа во досегашниот тек на турнирот.

Првото полувреме во најголем дел мина во рамноправна игра, со повремени водства на двете екипи. Металург во ова прво полувреме повтори дел од своите вчерашни грешки, но на крајот на првиот дел ја стабилизираше својата игра и првото полувреме го доби со два гола разлика.

За разлика од првото, во второто полувреме видовме еден сосема поинаков Металург, кој малку грешеше и знаеше да ги казни грешките на Прилеп. За многу кратко време нашиот тим целосно го разби противникот и стекна сигурна предност од 9 гола, 23:14, со што ја најави својата убедлива победа.

Интересно, но победничкиот импулс вечерва го дадоа нашите помлади ракометари, Шилегов, Кондев, Младеновиќ и Додиќ, кои вкупно постигнаа 20 погодоци. На нашиот гол вечерва одлично издание имаше Даниел Ѓорѓески, кој одбрани 16 удари, меѓу кои и два седмерци.

Утре Металург ќе ја заврши групната фаза на овој турнир, а наш последен противник е екипата на Струга. Оваа средба е закажана со почеток во 17.15 часот.

.

Металург – Прилеп  33:24 (13:11)

Металург: Дупјачанец, Ѓорѓески 16 одбрани (2 седмерци), Мијатовиќ 2 одбрани, Кондев 6, Канкараш 1, Поповиќ 1, Шилегов 8, Хорват 1, Мариќ 2, Младеновиќ 3, Вујовиќ 2, Тарабокија 3, Тодески, Митиќ, Рниќ, Додиќ 3, Потиќ 3 и Маркоски.   Седмерци: 1/1.   Исклучувања: 12 мин.

Судии: Михајло и Методија Илиевски

Делегат: Камер Металари

Прочитано 686 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 + = 5