Металург убедливо е поразен во Прешов

06.03.2019 18:44
B04I2320_original_resize

Ракометарите на Металург го загубија натпреварот со екипата на Татран Прешов од претпоследното коло во СЕХА-лигата. Татран не совлада со убедливи десет голови разлика, 30:20 (16:11), и ги задржа шансите за настап на фајнал-форот на ова регионално натпреварување.

Токму мотивираноста на домашниот тим, кому победата му беше неопходна, и го реши овој натпревар, бидејќи резултатски оваа средба не значеше ништо за конечниот пласман на нашата екипа во СЕХА-лигата.

Металург релативно добро ја почна денешната средба и цели 17 минути беше рамноправен партнер. Во тој момент резутатот беше 4:4, а потоа почна цела серија на технички грешки на нашите ракометари, што Татран вешто го искористи и до крајот на првото полувреме обезбеди предност од пет голови.

Второто полувреме го одигравме лошо и неамбициозно. За разлика од нас, Татран направи се за да дојде до што поубедлива победа, што на крајот и му успеа, бидејќи поразот од десет голови е највисок пораз на Металург на сите досегашни средби со словачкиот шампион.

До крајот на нашиот ангажман во СЕХА-лигата преостана уште средбата со Војводина, која ќе се одигра во Скопје на 12 март.

.

Татран Прешов – РК Металург  30:20 (16:11)

Татран Прешов: Чуприна (7 одбрани), Цвитковиќ (10 одбрани), Рабек, М.Сарпатаки, Џериќ 2, Хрстка 7, Лапајне, Крок 3, Л.Сарпатаки, Криж, Урбан 5, Костески 2, Буторац 5, Чарапкин 2 и Гатин 4.    Седмерци: 2/4.    Исклучувања: 12 минути.

РК Металург: Томовски (7 одбрани), Дупјачанец (6 одбрани), Јагуриновски 1, Лазаревски, Димитриоски 4, Токиќ 4, Шилегов 2, Танкоски, Серафимов 1, Чориќ 3, Младеновиќ, Пучник, Миличевиќ, Маџовски 2, Стојановиќ 2 и Арсеновски 1.    Седмерци: 4/6.    Исклучувања: 6 минути.

Прочитано 229 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 4