Металург убедливо го совлада Работнички и обезбеди настап на Ф4 во Купот на Македонија

20.04.2021 18:40
DAR_5513_resize

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, Металург, денеска ја одигра финалната средба од својата четврт-финална група во националниот Куп во која убедливо го совлада тимот на Работнички и обезбеди куп-завршница во која ќе настапи заедно со екипите на Вардар, Еурофарм Пелистер и со Бутел.

Металург денеска немаше проблем со својот противник кого го надигра уште во првото полувреме. Нашите ракометари имаа целосна контрола во текот на целата средба, а победата ја најавија уште по првата четвртина од натпреварот, кога веќе имаа обезбедено предност од 7 гола, 7:14. До крајот на првите 30 минути предноста се зголеми до 11 гола, 12:23.

Во второто полувреме, задоволен од оствареното, Металург го намали темпото, а тренерот Марковски седна дел од својата првата постава и им даде шанса на сите свои ракометари да учествуваат во победата. Работнички успеа делумно да го ублажи поразот, но на крајот мораше да го признае поразот.

Завршниот турнир на Купот на Македонија ќе се игра од 14 до 16 мај.

.

Работнички – Металург  28:34 (12:23)

Работнички: Чакалиќ 2, Ташевски, Гашовски 3, Јакимовски 2, Димевски 1, Анѓеловски, Анѓелковски, Савревски 4, Вујовиќ, Ончев 9, Добревски, Виларов, В.Крстевски 1, С.Крстевски 1, Дука 5 и Гогов.    Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 8 минути.

Металург: Дупјачанец, Ѓорѓески, Петковски 4, Поповиќ 5, Кофилоски 2, Шилегов 3, Хорват 8, Калуѓеровиќ 5, Серафимов 3, Лазаревски 1, Тодески, Митиќ, Рниќ 2, Додиќ 1 и Маркоски.    Седмерци: 6/7.     Исклучувања: 8 минути.

Судии: Димитар и Дејан Георгиевски.

Делегат: Камер Металари.

Прочитано 155 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + 7 =