Металург убедливо го совлада тимот на Еурофарм Пелистер 2

27.03.2021 19:03
DAR_4033_resize

Во натпревар од третото коло од плејофот на македонската Суперлига, Металург убедливо ја совлада екипата на Еурофарм Пелистер 2, со резултат 36:23 (17:11).

По двете лоши изданија во првите две кола, оваа средба имаше огромно значење за нашата екипа, која денеска за прв пат беше водена од нашиот нов тренер Иван Марковски.

Од самиот почеток се почувствува дека Металург денеска е мотивиран и е подготвен за првата плејоф победа. Тоа се виде од односот на нашите ракометари на теренот и од одличната игра во двете насоки, во одбраната и во нападот. Од самиот почеток создадовме убедлива предност, која со текот на времето само се зголемуваше. По првите 30 минути веќе имавме позитива од 6 гола, која во продолжението ги достигна и максималните 13 гола.

Одлична работа заврши и тренерот Иван Марковски, кој најде начин да ги “разбуди“ и да ги мотивира своите ракометари и кој со бројните и навремени измени ја одржа свежината во нашиот тим.

Но, победата ја плативме прескапо, бидејќи во деветата минута, по несмасниот и груб старт на Арсеновски, тешка повреда доживеа нашиот бек Марко Тарабокија, кој доби повреда на лактот на левата рака.

Во следното коло, на 8 април, не очекува тешко гостување кај екипата на Охрид, во рамките на четвртото коло.

.

Металург – Еурофарм Пелистер 2  36:23 (17:11)

Металург: Дупјачанец, Ѓорѓески, Петковски, Поповиќ 8, Кофилоски, Шилегов 2, Хорват 9, Калуѓеровиќ 8, Серафимов 2, Лазаревски 3, Тарабокија 1, Тодески, Митиќ, Рниќ 2, Додиќ 1 и Маркоски.    Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 10 минути.

Еурофарм Пелистер 2: Талевски, Петковски, П.Атанасијевиќ 5, Димитровски, Митревски 2, Мирчевски 1, Ивановски, Петровиќ 5, С.Талевски 4, Стоилевски 1, Пет.Атанасијевиќ 2, Белистојановски, Бардакоски, Блажевски 2 и Арсеновски 1.     Седмерци: 1/4.     Исклучувања: 6 минути.

Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев.

Делегат: Цано Куровиќ.

Прочитано 224 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 7 = 16